Добредојдовте на веб страната на Донти Мото. Со користење на услугите и содржините на оваа веб страница (www.skymoto.mk), Вие се согласувате со следните Услови на користење. Овие услови се применуваат на сите содржини, услуги и информации достапни на веб страницата.

Користењето на оваа веб страна значи дека сте запознаени и согласни со овие услови и дека употребата е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

1. Општи одредби

• Донти Мото е носител на авторските права на сите текстуални, визуелни, аудио материјали, бази на податоци и програмерски код или ги користи со писмена дозвола од носителите на правата.

• Секое копирање, дистрибуирање, објавување, пренос или модифицирање без писмена согласност е строго забрането.

• Пристапувањето и користењето на оваа веб страница надвор од Република Северна Македонија е на сопствен ризик, а сите корисници се обврзуваат да ги почитуваат локалните закони.

• Донти Мото може да ги ревидира условите во секое време, со ажурирање на овој документ. Новите услови стануваат важечки веднаш по објавувањето на веб страната.

2. Материјали кои ги проследува корисникот

• Личните податоци кои ги внесувате при купување ќе бидат обработувани во согласност со Политика за приватност.

• Забрането е праќање на незаконски, навредливи или непристојни материјали.

• Секој материјал испратен на веб страницата (коментари, пораки) не се смета за доверлив и може да се користи за маркетинг цели, освен Вашите лични податоци.

3. Линкови кон други веб страници

• Линковите на веб страницата може да водат кон други веб страници на трети лица.

• Пристапувањето до овие страници е на сопствен ризик, а Донти Мото не е одговорен за содржината или практиките на тие страници.

4. ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

• Сите цени на веб страницата се изразени во денари (МКД) и содржат ДДВ.

• Веб страницата може да овозможи приказ на цените во евра (EUR) исклучиво за информативни цели. Без оглед на избраната валута, конечната цена што се наплатува е во денари (МКД).

• При приказ во евра, пресметката се врши според тековен курс, при што може да има минимално отстапување поради заокружување или курсна разлика.

Начини на плаќање:

• Плаќање со платежна картичка (Visa, MasterCard, Maestro и др.)

• Плаќање по испорака (готовина на курир)

При плаќање со картичка, трансакцијата се процесира преку сигурен платежен систем на банка со која соработуваме. Донти Мото нема пристап до податоците од картичката.

Рефундации:

• Средствата платени со картичка се враќаат на истата картичка.

• Плаќањата во готово се рефундираат на трансакциска сметка на купувачот.

Рок за замена и рефундација на средства:

• Рокот за рефундација на средства или замена на производ е 14 дена.

• Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, да не е перен, да не е носен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, кутија и фискална сметка.

 5. Достава и рекламации

• Испораката се врши на адресата што ја наведува купувачот во рок од 2–5 работни дена, освен во случаи на зголемена сезонска побарувачка.

• Купувачот е должен да го прегледа производот при прием. Видливи оштетувања или дефекти треба веднаш да се пријават на контакт центарот.

• Рекламациите се обработуваат исклучиво онлајн, преку емаил.

6. Права на корисниците и заштита на податоците

• Личните податоци се обработуваат исклучиво во согласност со законот за заштита на лични податоци и Политика за приватност на Донти Мото.

• Корисниците имаат право на пристап, исправка, бришење, ограничување или приговор за обработка на личните податоци.

• Корисниците можат да ја повлечат согласноста за директен маркетинг во секое време.

• Веб страницата не е наменета за лица под 14 години. Доколку лице под 14 години ги достави своите податоци, потребно е веднаш да се извести Донти Мото.

7. Согласност и промена на условите

• Користењето на услугите подразбира согласност на корисникот со овие услови на користење.

• Донти Мото може да ги менува условите во било кое време, а новите услови стануваат важечки веднаш по објавување на веб страницата.